ГО! Атенеум Герардсберген (Белгија)
Партнери до 12.2023.

ГО! Атенеум Герардсберген е средно училиште (900 ученици) во Герардсберген, град кој се наоѓа на југот на Источна Фландрија, блиску до јазичната граница. Во училиштето работат 140 наставници. Кампусот прифаќа студенти од второто ниво на AСO (латински јазик, наука, економија, хуманитарни науки и од трето ниво наваму), овие главни групи се дополнително поделени. Нашето училиште нуди и програми за БСО и ТСО во сектори како трговија, администрација, сметководствена информатика, социо-технички науки, технички науки, електромеханика, индустриски ИКТ, обработка на дрво, основна механика, електрични инсталации, безбедност, исхрана, молер и украсни работи , лимар, згрижување деца и стари лица. Сакаме да понудиме образование во најширока смисла на зборот. Ги водиме нашите ученици до вистинскиот избор на учење и кариера. Во исто време, ги воспитуваме. Овде ќе најдете различни типови на личности. Обрнуваме внимание на сите тинејџери, вклучувајќи ги и оние на кои им е потребно дополнително водство. Училишниот тим секојдневно е посветен и насочен кон учениците за да можат максимално да ги развијат своите таленти. Нашето училиште е исто така фокусирано на интернационализација и тоа е причината зошто сакаме да придонесеме на учениците да им понудиме практична обука во странство и на тој начин да им овозможиме уникатно искуство и понатамошен развој на личен, професионален и социјален план. Нашето училиште сака да им понуди на учениците со помалку можности исти можности како и сите други. Нашето училиште започна со работа пред 6 години со двојни програми од областа на електрични инсталации. Бевме првото училиште во нашиот регион што се вклучи во официјалната патека за дуалното образование.