Занаетчиската комора Скопје е независно, непрофитно професионално деловно здружение на занаетчии, кое се залага за создавање поволни услови и клима за развој и унапредување на занаетчиството, подобрување на квалитетот на производите и услугите преку подобрување на човечките ресурси, спроведување на обуки , презентации, стручно усовршување на занаетчиите и унапредување на стручното образование. Нејзини членови се занаетчии и компании кои вршат занаетчиска дејност во Скопскиот регион. Членството е задолжитено. Занаетчиската комора Скопје има овластување да води регистар на занаети и врши уписи, промени и престанок на дејностите. Во рамките на комората работи Центарот за образование на возрасни, кој обезбедува обука на возрасни преку обука на работното место, според програми одобрени од Министерство за образование. Занаетчиската комора Скопје ги застапува интересите на занаетчиите пред надлежните институции, дава предлози за подобрување на законската регулатива, лобира за поволни услови и клима за развој на занаетчиството и работи на подобрување на квалитетот и имиџот на стручното образование и обука.