За проектот

Документите на Европската унија го нагласуваат подобрувањето на стручното образование и обука, особено во областа на учење преку работа и употребата на дигитални алатки. Во согласност со горенаведеното, општа цел на проектот е подобрување на квалитетот на стручното образование и обука во земјите партнери. Специфичната цел е да се подобри соработката помеѓу различните чинители во системот за стручно образование (стручни училишта, работодавачи и ученици) и да се подобрат педагошките вештини на менторите во компании за да бидат поподготвени да ги пренесат своите знаења и вештини на учениците.

Проектните партнери ќе организираат серија тематски состаноци и семинари на кои заедно со засегнатите страни во системот на стручно образование и обука во нивните земји ќе дадат допринос со цел да се подобри соработката и комуникацијата меѓу нив. Со креирањето на онлајн платформа, на засегнатите страни ќе им биде достапна промотивна, едукативна и комуникациска алатка која ќе може да ја користат училиштата, занаетчиите и команиите, како и другите чинители во системот. Исто така, учениците ќе имаат онлајн мапа за практична обука и онлајн портфолио како дел од платформата. Исто така, ќе бидат креирани модули за онлајн учење за ментори во компании за да им помогнат да ги подобрат своите вештини за предавање за да ги пренесат своите знаења и вештини на учениците

Целни групи: Ученици (сегашни и идни), училишта (стручни наставници, одделенски раководители, педагози, психолози, директор), ментори за практична обука во компании, комори и други институции со релевантна улога во стручното образование и обука (на пр. министерства, агенции ), стручна и поширока јавност.

Времетраење на проектот: 33 месеци (од 1 октомври 2022 до 30 јуни 2025 година)

Вкупна вредност на финансиската поддршка: 250.000,00 евра