Втора тематска средба во Северна Македонија

Занаетчиска комора Скопје го одржа вториот тематски состанок на 18.07.2023 со работодавачи со цел да се разговара на тема проблеми во реализација на практичната обука.

На состанокот присуствуваа работодавачи кои дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат со учениците на пракса. Најголем предизвик е оценувањето на учениците. Дел од работодавачите посочија дека нивната оценка не соодветствува со оценката на наставникот по практична настава. Работодавачите се пожалија дека дел од учениците не доаѓале на пракса и поради тоа им ставиле пониска оценка, но финалната оценка за парктичната обука ја става наставникот за практична обука на ученикот и секогаш е повисока од таа на работодавачот. Учесници побараа да се спроведе семинар за оценување на учениците при спроведување на пактичната  за да можат да се усогласат заедно со наставниците по пракса.

НОВОСТИ ОД СКОРОШНО ВРЕМЕ