Занаетчиска комора Скопје во предходниот период реализираше 4 состаноци со работни групи. На состаноците се дикутираше за содржината на е- модулите за обука на ментори. Во Северна Македонија се спроведува структуирана обука на метори организира од страна на Занатечиската комора Скопје и Центарот за стручно образование и обука и со овој проект ќе имаме можност да ги подобриме содржините и да ја унапредиме обуката со онлине содржини.
Целта на проектот Еразмус+ “Заедничко менторство“ е да го подобри квалитетот на стручното образование и обука конкретно преку подобрување на соработката помеѓу засегнатите страни во стручното образование преку организирање семинари, обуки и работилници и развивање на Прирачник за подобра соработка во стручното образование со примери за добра практика. Подобрување на квалитетот преку дизајнирање и креирање на е-мапа на практична обука кај работодавач, што би овозможило полесно и побрзо следење на учениците и меѓусебна комуникација помеѓу училиштата, работодавачите и другите засегнати страни како што се коморите. Исто така, проектот планира да ги подобри педагошките вештини на менторите преку развивање на е-модули за да можат да бидат подготвени за подучување на учениците за време на нивното практиканство. Целни групи на проектот се ученици, стручни училишта и ментори во компании, како и други чинители во системот на стручно образование и обука.
Проектот започна во октомври 2022 година, а ќе трае до јуни 2025 година, а вкупната вредност на грантот е 250.000,00 евра. Проектот ќе има долгорочен ефект врз подобрување на квалитетот на стручното образование, особено во делот на практичната обука кај работодавач. Со воведувањето дигитални алатки ќе се подобри дигитализацијата на стручното образование и учењето преку работа, што дополнително ќе влијае на квалитетот на образовната понуда и стекнувањето стручни знаења и вештини. Активностите од проектот ќе имаат долгорочен позитивен ефект врз конкурентноста на занаетите и компаниите и признавањето на работодавачите како добри ментори и одговорни членови на општеството.