Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Erasmus+ Joint mentorship се одржа првата обука за Комуникации за спроведување на практична обука кај работодавач на 27.11.2023 во салата на комората. На семинарот учествуваа 24 учесници ментори од страна на работодавачите и професори по практична настава од страна на стручните училишта.
Учесниците имаа можност да се запознаат со методи и техники за полесно справување со предизвците во комуникацијата.