Трет тематски состанок

Занаетчиска комора Скопје го одржа третиот тематски состанок во рамките на проектот Joint Mentorship.  Состанокот се одржа на 27.09.2023 и 05.10.2023 во просториите на комората.

На овој состанок се дискутираше за предизвиците со реализација на практичната обука на учениците кај работодавачот. На состанокот покрај работодавачи присуствуваа и професори од стручните училишта кои водат практична настава.  Се дискутираше за програмата која треба да се реализира кај работодавачот и проблемите со кои се соочуваат при самата реализација. Како предизвици се посочија од страна на наставниците дека работодавачите не ја следат целосно програма која им е дадена за реализација. Оттаму се јави и потребата да се спроведе семинар за реализација на програмата за практична обука.

НОВОСТИ ОД СКОРОШНО ВРЕМЕ