Активности за креирање е-модули во Северна Македонија

Во рамките на Еразмус + Проектот Joint Mentorship , партнерот Занаетчиската комора Скопје заедно со советниците за стручно образование и обука од Центарот за стручно образование и обука на Северна Македонија ги подготвија е-модулите за ментори и тоа:

  • 1-виот модул – Основи на наставата на учениците во работната средина;
  • 2-риот модул – Програма за практична обука;
  • 3-тиот  модул – Педагошко-менторска работа на ученици со попреченост, Инклузија на ученици со посебни образовни потреби.

Е-модулите содржат и лекции и тестови за самоевалуација за работодавачите кои ќе имаат можност да пристапат до содржината на е-модулите, и ќе им помогнат во совладувањето на материјата за успешно реализирање на практичната нстава на ученици во средно стручно образование.

НОВОСТИ ОД СКОРОШНО ВРЕМЕ