Проектните партнери учествуваа на Студиската посета и вториот состанок на партнерите во Белгија

Како дел од проектот Еразмус+ Заедничко менторство: подобра соработка за подобро стручно образование и обука се организираше студиска посета на Белгија од 5 до 7 јуни 2023 година. На студиската посета присуствуваа 8 учесници од Хрватска, 7 од Романија и 7 од Северна Македонија. Учесниците имаа можност подобро да се запознаат со системот на стручно образование во Белгија, со посебен акцент на моделот на дуално образование, кој го презентираше Гунтер де Геетер , заменик директор на средното стручно училиште во Герардсберген. Со оглед на тоа што моделот на дуално образование вклучува претежно практична настава кај работодавачите, интересно беше учесниците да се запознаат со споменатиот образовен систем и да пренесат искуства од примери на добри практики во нивните земји. Покрај презентациите, беа организирани посети на 3 компании активни во дуалното образование – Luc De Jong (електрични инсталации), Domocura (компанија за хемиско чистење и внатрешно чистење) и Stil Geluk (дом за стари и изнемоштени лица). Учесниците се запознаа со работата на компаниите и начинот на кој тие се вклучени во дуалното образование и зошто им е важно учениците да изведуваат практична обука во компаниите. Исто така, претставниците на компаниите посочија пример за добра практика во однос на организирањето на наставата на тој начин што учениците остануваат на училиште во понеделник и вторник, а во среда, четврток и петок практичната настава ја спроведуваат во компаниите. Учесниците стекнаа увид во добрите практики и преку дискусија заклучија кои практики би можеле да се спроведат во нивните партнерски земји, како да се подобри квалитетот на стручното образование во нивните земји. Учесници на студиската посета беа наставници, ментори во занаети и бизниси и претставници на чинители во стручното образование од Хрватска, Северна Македонија и Романија.

                По студиската посета, од 8 до 9 јуни се одржа втор состанок на партнерите, на кој партнерите ги презентираа активностите што досега ги спровеле во нивните земји, особено во врска со организираните тематски состаноци, чија цел е да се подобри соработката на засегнатите страни во стручното образование. Понатаму, беше претставена рамката за е-модули, а партнерите ги презентираа плановите за креирање на содржината на е-модулите преку дискусија. Хрватската занаетчиска комора им понуди помош на партнерите од Романија за развој на програма за обука на ментори кај работодавците, бидејќи таква програма во моментов не постои во Романија. Исто така, Хрватската занаетчиска комора и Факултетот за информатика и дигитални технологии ја претставија рамката и улогите во е-платформата и е-мапата на практична обука, така што другите партнери ќе се запознаат со рамката и ќе започнат со планирање на сопствените активности од споменатиот работен пакет. Покрај горенаведеното, партнерите поминаа низ обврски во однос на управувањето и следењето на проектот, како и активностите за дисеминација на проектот.

                Целта на проектот Заедничко менторство е да се подобри квалитетот на стручното образование и обука конкретно преку подобрување на соработката помеѓу засегнатите страни во стручното образование преку организирање семинари, обуки и работилници и креирање на насоки за подобра соработка во стручното образование со примери на добри практики.  Понатаму, наменет е да се подобри квалитетот преку дизајнирање и креирање на е-мапа на практичната обука, што би овозможило полесно и побрзо следење на учениците и меѓусебна комуникација помеѓу училиштата, работодавачите и другите засегнати страни како што се коморите. Исто така, преку проектот се планира да се подобрат педагошките вештини на менторите преку дизајнирани е-модули за да можат да бидат подготвени за подучување на учениците за време на нивната практична обука. Целни групи на проектот се ученици, стручни училишта и ментори кои вршат практична обука кај работодавачи-компании, како и други чинители во системот на стручно образование и обука.

                Сето горенаведено ќе има долгорочен ефект врз подобрување на квалитетот на стручното образование, особено во практичната обука. Воведувањето на дигитални алатки ќе ја подобри дигитализацијата на стручното образование и учењето преку работа, што ќе влијае и на квалитетот на образовната понуда и на стекнувањето стручни знаења и вештини. И на крај, сите активности ќе имаат долгорочен позитивен ефект врз конкурентноста на занаетите и компаниите и признавањето на работодавачите како добри ментори и одговорни членови на општеството.

НОВОСТИ ОД СКОРОШНО ВРЕМЕ